Денеска христијаните го празнуваат празникот Томина недела, првата недела по Воскресението Христово.
Именден слават сите оние кои го носат името Томе, Томица, Томина.
Оригиналната форма на името е: תָּאוֹמָא (Тома). Значење на името: близнак.
Во оној ден кога Христос воскресна и им се јави на Своите ученици, меѓу нив не беше Тома. Тој откако дојде при нив подоцна, чу дека го виделе Христа, но не поверува. Брзиот на добро дело Бог, Кој се грижи за секој човек, имајќи при тоа и поголема промисла, после Воскресението, за да ги увери и идните поколенија, го остави осмиот ден, за да се изостри љубовта на Тома и за да му даде уверение во Воскресението.
Он повторно доаѓа при своите ученици, кога вратата е заклучена, како и претходно, но овој пат и Тома е со нив. Откако им го дава Својот мир, му се обраќа на Тома и му вели: „Дај го прстот свој тука и види ги рацете мои, принеси ја раката твоја и стави ја во моите ребра, и не биди неверен, туку верен. Затоа што не само со видување сакаше да се увериш – зада не се работи за привид, туку спомна и допирање. Затоа стави ја својата рака во моите ребра.“ Се покажува дека раната на ребрата беше толку широка, што внатре можеше и рака да се стави.
Тома испита и преку допирот прими вера, бидејќи му беше допуштено да го гледа и да го твори сето ова на нетленото и конечно обожено тело Христово, и тој извика: „Господ мој и Бог мој“. Едното е заради плотта, а второто заради Божеството. И Христос му рече: „Поверува затоа што ме виде; блажени се оние кое не виделе, а поверувале“.