Претседателот на Сирија, Башар ал-Асад ја посети Универзитетската болница во Алепо, објави неговата канцеларија. Ова е негова прва посета во оваа област погодена од земјотресот, пет дена по смртоносниот земјотрес од 7,8 Рихтер.
Канцеларијата на Асад објави слики од ал-Асад и неговата сопруга како ги посетуваат повредените во земјотресот во кој загинаа повеќе од 21.500 луѓе во Сирија и Турција.
Според извештаите, бројот на загинати во Сирија се приближува до 3.400.
Освен тоа, ОН проценуваат дека 23 милиони луѓе се „потенцијално изложени, меѓу нив пет милиони ранливи“ и стравуваат дека ќе избие голема здравствена криза.
Хуманитарните организации главно се загрижени за ширењето на епидемијата на колера, која во минатото се случуваше и во Сирија.