Владата на Република  Македонија, денеска ќе ја одржи првата седница, во состав со новоизбраните министри.Како што информираа од владината прес-служба, седницата е со почеток во 12:00 часот, а за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по нејзиното завршување.

Собранието синоќа ги избра четирите нови министри во Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.