Прва редовна седница со кадровски освежувања

Вечерва, Христијан Мицкоски објави дека се одржа првата редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на состанокот беа донесени одлуки за кадровски промени и организациски активности.

Мицкоски наведува дека Извршниот Комитет донел одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани. Исто така, ќе се спроведе генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.“

Покрај тоа, беа избрани нови претседатели на повеќе партиски комисии. За Претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за Претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, додека претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски. Нов претседател на Комисијата за туризам е Аккан Махмут.

Избор на раководство во Скопје и партиска порака

Дополнително, за претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје беше избран Златко Перински.

Мицкоски во постот истакна и порака за насоките на партијата:

„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“