Се работи на стабилизација на свлечиштата на автопатот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави фотографии од првата галерија на автопатот Охрид – Кичево, посочувајќи дека станува збор за сложен инженерски зафат за решавање на проблемот со свлечиштата.

Тој информираше дека во изминатиот период биле спроведени дополнителни геоистражни работи на новите свлечишта долж трасата.

„Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. Галерија.“

Галериите како решение за свлечиштата

Николоски посочи дека изградбата на галериите претставува комплексен инженерски потфат.

„Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот со свлечиштата на автопатот Охрид – Кичево.“

Во објавата тој порача дека активностите на инфраструктурните проекти продолжуваат и во наредниот период.

„Продолжуваме да ја градиме Македонија.“