Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025.

Од досега обработени 32,56% отсто од гласовите и податоци од 1 024 Избирачки места од вкупно 3 474 кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ во осум, СДСМ и Националната алијанса за интеграција по осум  и Демократската партија на Турците во една општина.

За другите општини и за Градот Скопје засега нема резултати.