Првиот ден на Божик – 25 декември, согласно Законот за празниците на РМ, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Воедно, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.