Четврток 16 септември, првиот ден на Јом Кипур, е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во земјава, согласно со Законот за празниците, информира Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на еврејската заедница им го честита празникот Јом Кипур.