Виетнам ерлајнс вчера добил официјална дозвола од американската Федерална авијациска управа да врши цивилни летови без трансфер меѓу Виетнам и САД.

На тој начин, превозникот станува првата, и засега единствена виетнамска авиокомпанија, на која и е дозволено да врши редовни директни летови до САД. Летот ќе биде од јужниот виетнамски град Хо Ши Мин до Сан Франциско, Калифорнија. Ќе биде извршен со Боинг 787-9 Дримлајнер и ќе трае 13 часа и 50 часа од градот Хо Ши Мин до Сан Франциско и 16 часа и 40 минути во спротивна насока.

Првично се планирани два лета неделно, а во иднина нивниот број може да се зголеми на седум неделно. Подготовките за започнување на директни летови меѓу Виетнам и САД траат веќе две децении – откако Виетнам ерлајнс отвори свое претставништво во САД.