Директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов оцени дека како причина за трагедијата со македонскиот автобус би можело да биде возачка грешка или ненадеен технички проблем со автобусот.
Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков, кој заедно за премиерот Стефан Јанев се на местото на автобската несреќа, изјави дека причината детално ќе се разјасни во текот на истрагата
Тој истакна дека покрај опожарениот автобус, сообраќале уште три. Настраданиот автобус се движел последен.
Заштитната ограда на автопатот е уништена од автобусот, а сосема е можно пожарот да настанал во контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков.
Станува збор за несреќа на автобус со македонска регистрација. Во него имало 53 патници, од кои 45 го загубиле животот, неколкумина се преживеани и се пренесени во болницата во Перник.