Овој брод, долг 88 метри и широк 18 метри, обезбедува помош во итни ситуации веќе шест години.

Меѓу другото, бродот има болница со можност да прими 20 пациенти, а на него работат повеќе од 40 членови на екипажот во смени.

Инаку, овој брод, покрај гаснењето пожари, има и бројни улоги на отворено море, како спасување жртви од бродоломи, нуркачки спасувачки мисии, детектирање на загадување на морето…

На него има и хелиодром, а направен е да ги издржи сите временски услови.

– Од вкупно 208 шумски пожари во 44 градови во Турција, 196 се ставени под контрола, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Шумските пожари се активни во уште пет градови: Анталија, Мугла, Испарта, Ајдин и Денизли. Продолжуваат активностите за нивно ставање под контрола.