Врз основа на одлуката на владата, овие и сите што потоа ќе допатуваат ќе бидат сместени во Тирана и во Драч, во студенски домови, како и во хотели.
Денеска студентите од седмиот и осмиот блок во студентскиот град во Тирана, почнаа да се иселуваат и да ослободуваат место за првата група Авганстанците.
Во меѓувреме американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, изјави дека САД тесно соработуваат со албанската Влада за сместување авганистански државјани во Албанија.
По средбата со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, амбасадорката Ким изрази благодарност до албанскиот народ за помошта во овој случај и рече дека авганистанските државјани ќе бидат привремено сместени во Албанија.
Прашана за нивниот број, таа изјави дека се уште нема конкретен број на Авганистанци кои ќе дојдат во Албанија.
-Имавме многу добра средба денеска. Изразувам благодарност до албанскиот народ за помошта. Се уште немаме точна бројка, таа се менува многу брзо. Луѓето ќе дојдат привремено тука, а потоа ќе се населат во САД. Некои се населуваат директно во САД, рече амбасадорката Ким.
Министерката Џачка, кусо рече дека ситуацијата е многу динамична, дека се следи од минута во минута а средбата со Ким ја оцени како многу плодна.