-Тие се во добра здравствена состојба, ќе продолжи третманот во делот на психилошката поддршка. Денеска ќе стигнат уште тројца пациенти. Едниот е веќе тргнат, другите двајца ќе тргнат во попладневните часови и ќе стигнат подоцна вечерва. Добро се чувствуваат, можат да издржат транспорт. Добро се чувствува и оперираниот пациент, тој веќе е вертикализиран и почнува да оди, истакна Филипче.
Во тешката автобуска несреќа која се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во Бугарија, по опожарување на автобус животот го загубија 45 лица, а седуммина беа повредени. Во трагедијата загинаа 12 деца. Лицата се враќаа од екскурзија во Инстанбул.
Надлежните органи во Бугарија продолжуваат со истрагата и точното утврдување на причините за несреќата.