Се вапсаа првите велигденски јајца, симболично обележувајќи го почетокот на подготовките за најголемиот христијански празник. Првите три јајца, како што налага традицијата, имаат посебна симболика и значење.

Утрото ги огреаја и првите сончеви зраци, што дополнително го засили празничниот дух во домовите. Петок се смета за најтажниот ден во христијанството, кога верниците масовно посетуваат црква. Во овој ден се одбележуваат страдањата на Исус Христос и се одржуваат богослужби.

В недела, пак, семејствата ќе се соберат заедно за да го прослават Велигден. Подготовките веќе се во тек, а празничната атмосфера се чувствува насекаде.