Ѓорѓиевски: „Прво човек, потоа градоначалник“

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за развој на главниот град. Тој нагласи дека човечкиот пристап и посветеноста кон граѓаните се основа за успешен град. „Прво човек, потоа градоначалник“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека мисијата му е Скопје да стане место каде што секој ќе живее достоинствено, безбедно и гордо.

Конкретни мерки и приоритети

Ѓорѓиевски најави изградба на нови паркови и зелени коридори, модернизација на јавниот превоз и воведување ред во сообраќајот. Посебен акцент стави на подобрување на условите во училиштата, поддршка за младите и имплементација на смарт и дигитални решенија за модерно и европско Скопје.

Кампања заснована на контакт со граѓаните

„Скопје е наш заеднички дом. Ние, скопјани, можеме да направиме промена. Доаѓа време на работа, време кога тоа подобро заедно ќе го живееме“, изјави Ѓорѓиевски. Воедно, тој се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и потенцираше дека неговата кампања се темели на директен контакт со граѓаните и решавање на нивните секојдневни проблеми.