Она што е најважно е дека веќе не е е неопходно Зоран Заев да поднесе оставка бидејќи веќе и онака неговата влада може да се смета за падната. Но, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека ќе го чекаат Заев и формално да ја поднесе оставката пред да му изгласаат недоверба на владата.
Кој е процедурата
Она што прво треба да се направи е да се изгласа недоверба на владата во Собранието а оваа точка може да ја побараат и 20 пратеници. Откако ќе биде изгласана недоверба на владата со најмалку 61 пратеник таа е во оставка.
Потоа новото парламентарно мнозинство има две можности.Или да се договори за брзи избори во рок од 60 дена или пак ќе се оди на влада составена од новото парламентарно мнозинство.
Доколку падне договор за нова влада, потписите се доставуваат кај претседателот Стево Пендаровски. Откако шефот на државата ќе се увери дека има ново мнозинсто тој е должен да го додели мандатот на мандатарот кој ќе го одреди партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието.
Потоа мандатарот има рок од 20 дена во Собранието да го достави составот на новата влада и тој да биде ставен на гласање.
Сепак, за волја на вистината и да се формира нова влада таа не би требало да има долг рок на траење туку би служела за подготовка на нови избори.