Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9-ти јули, на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.

Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата, информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, .

Во случајот, покрај  Каевски, обвинети се и директорот на Агенција за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Претходно, надлежниот јавен обвинител, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.

Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.