Првпат во историјата: Бесплатен пристап до Web of Science и Scopus за научниците во Македонија

На 77-та седница, Владата донесе одлука со која научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатно достапни за сите државни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа. Со ваквиот чекор за првпат се отвора врата за вистински пробив на македонската наука на меѓународната сцена.

Сите детали прочитајте ги ТУКА.

Како што информираше портпаролката Марија Митева, оваа мерка е дел од изменетата Програма за научно-истражувачка дејност за 2025 година. Со тоа, студентите, професорите и истражувачите добиваат пристап до најпрестижните научни трудови и списанија, што досега беше привилегија само за институции со скапи претплати.

„Со ова Министерството за образование и наука презема одговорност за научниот напредок. Науката конечно станува приоритет, а пристапот до знаење повеќе нема да зависи од буџетот на факултетот“, изјави Митева.

Нов закон за сајбер безбедност и дигитална трансформација

На истата владина седница беа усвоени и две клучни реформи поврзани со дигиталната безбедност и комуникации – Законот за електронски комуникации и првиот Закон за безбедносни мрежи и информациски системи. Вториот закон претставува основата на идниот систем за сајбер безбедност во земјава.

Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Sience и Scopus стануваат бесплатни

Со овие закони, Владата најавува ново поглавје во дигиталната трансформација на Македонија. Се става фокус на сигурност, ефикасност и усогласување со европските стандарди.

Митева: Економската и политичката стабилност на Владата дава резултати, Македонија за 2024 година бележи рекорден прилив од странски директни инвестиции