Полициски службеници го лишија од слобода по серија закани со пиштол
Скопјанец бил уапсен вечерва откако со пиштол предизвикал страв и паника во својот семеен дом во Кисела Вода. Според полицијата, осомничениот насилно се однесувал кон сопругата и три ќерки, а неговите закани и напади се повторувале во повеќе наврати.
Б.С. (55) од Скопје се сомничи дека на 06.03.2026 околу 00:40 часот пукал кон својата 48-годишна сопруга, ѝ се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.
Инцидентите започнале на 1 март, кога по расправија во домот испукал еден куршум од пиштол кој завршил во прозорец, а потоа се заканувал и нападнал две од ќерките.
Слично однесување се повторило на 5 март околу 22:30 часот, кога повторно ѝ се заканувал на сопругата со пиштол, но бил спречен од ќерките да го употреби оружјето.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
