Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец.

Според пријавеното, во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово.

При увидот, полициска екипа пронашла 11 чаури, а биле констатирани оштетувања на објектот и на возила.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.