Најмалку едно лице загина, а неколкумина се ранети во престрелка што се случи попладнево во сараевската населба Булевар, информира порталот Кликс.
Според сараевскиот портал Кликс, едно лице било покриено со чаршаф на местото на настанот, што укажува дека најмалку едно лице починало.
Портпаролката на Министерството за внатрешни работи во Сараево, Мерсиха Новалиќ не можеше да потврди дали има загинати.
Полициски екипи и екипи на Брза помош се на терен и наскоро ќе се знаат повеќе информации, а една екипа на Брза помош ги пренела повредените во болница. Престрелката се случила пред продажен објект каде во моментот на нападот имало неколку лица.