Полицајците излегле на терен по дојава за вооружен маж во училиштето.

Властите не наведуваат други детали освен дека едно лице им подлегнало на повредите и дека друго е приведено за понатамошна истрага.

Полициската станица од тој американски град, претходно на Твитер порача дека безбедносните сили се на местото на пукањето во средното училиште „Остин ист магнет“.

Од раководството на училиштето, за локалните медиуми, потврдиле дека училиштето е затворено.

Полицијата веднаш ги предупреди граѓаните да ја избегнуваат областа околу местото на пукањето.

Градоначалничката на Ноксвил, Индија Кинкенон изјави дека го посетила ранетиот полицаец.

Тој е свесен и добро расположен. Ја видов и неговата сопруга, ќе биде добро. Тој сепак, ќе мора да оди на операција – изјави Кинкенон.

Таа исто така му се заблагодарила на полицаецот бидејќи го загрозил сопствениот живот за да ги заштити учениците и училишниот персонал.