Вакциналниот пункт е сместен на приземјето на Економскиот факултет.

Како што појасни ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.