Премиерот Еди Рама, придружуван од министри беше пречекан со тапани од голем број жители од околијата Пешкопеја, но и од Дебар, која е соседна општина. На овој чин присуствуваше и делегација на општина Дебар, предводена од градоначаланикот Хекуран Дука.
-По автопатот, чија целосна изградба треба да заврши на пролет до година, ќе се минува преку обиколница кај местото Муриз, поради изградба на тунел. Во престојниот зимски период кога ќе има големи снежни врнежи ќе биде забранет за сообраќај, рече министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку.
Автопатот кој завршува кај преминот „Блато“ на четири километри од Дебар, ја скусува досегашната оддалеченост со Тирана за над 100 клометри. Сега оддалечноста Тирана-Блато изнесува 72 клометри. Се планира продолжување на автопатот и на македонска тетиторија.
Оваа делница, која минува низ планински предели, има шест тунели, од нив пет се изградени и четири моста, едниот од нив, кај селото Фшат, со 158 метри е највисок на Балканот.