Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај место викано „Трите ленти“ е отворен за сообраќај, соопшти АМСМ.
Претходно, поради голем одрон на патот, сообраќајот беше во прекин. Изведувачот на новиот пат работеше со механизација на расчистување на патот.
На теренот работеа екипите и механизацијата на компанијата „Синохидро“ за да се расчисти уништениот дел.
Како што објаснија претходно од ЈП за државни патишта поплавена е девијацијата на патот Градско – Прилеп во делот каде се изведуваат градежните работи кај Фаришката клисура каде „Синохидро“ изведува градежни работи на експресниот пат, односно каде се пробиваат тунелите.