Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека владејачките елити на Западот живеат во илузии и не сакаат да ги забележат промените.

Земјите од ‘златната милијарда’ сè уште ги сметаат сите други за свои колонии, друга раса – рече Путин.

Според него, колегите на Запад се обидуваат да се спротивстават на текот на историјата и размислуваат во категориите од минатиот век.

Соединетите Држави ги прогласија своите интереси за свети објавувајќи победа во Студената војна, предупреди рускиот претседател, додавајќи дека во такви услови светот станал нестабилен.