Рускиот претседателот Владимир Путин во последните денови ги преселува членовите на семејството во „подземен град“ во Сибир, пишува политиколот Валери Саловеј. Според политикологот, станува збор за луксузен бункер со висока технологија лоциран на планините Алтај.

Саловеј (61), поранешен професор на Московскиот државен институт за меѓународни односи, претходно тврдеше дека Путин страда од здравствени проблеми кои ги крие од руската јавност и дека заедно со својот министер за одбрана учествувал во чудни шамански ритуали.

Некои експерти од Русија велат дека Соловеј е теоретичар на заговор и измамник, а минатата недела поранешниот професор бил испрашуван од руските власти седум часа поради обвинувањата што ги упатил за здравствената и психичката состојба на Путин, пишува Дејли мејл.

Во текот на викендот, семејството на претседателот Путин беше евакуирано во специјален бункер подготвен во случај на нуклеарна војна. Бункерот се наоѓа во Република Алтај. Всушност, тоа не е бункер, туку цел подземен град опремен со најнова технологија, рече Соловеј.

Експертите велат дека Соловеј, кој тврди дека има инсајдерски контакти во Кремљ, мисли на огромен планински имот кој наводно бил изграден од енергетскиот гигант Газпром пред околу десет години во Република Алтај, сибирски регион кој се граничи со Монголија, Кина и Казахстан.

Соловеј не кажа за кои членови на семејството на Путин станува збор, но рече дека гимнастичарката Алина Кабаева (38) била тајната сопруга на рускиот лидер.

Во написите е наведено дека Путин има две возрасни ќерки – генетичарката Марија Воронцова (36) и Катерина Тихонова (35), танчерка која стана математичар.