Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со премиерот на Израел Нафтали Бенет и го појаснил официјалниот став на Москва за ситуацијата во Украина, соопшти прес-службата на Кремљ, наведувајќи дека разговорот бил на барање на израелски премиер.

–Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ја претстави принципиелната позиција на Русија за решавање на конфликтот, нагласувајќи ја потребата од почитување на безбедносните интереси на Русија. Тој ја истакна потребата од демилитаризација и денацификација на украинската држава, обезбедување на нејзиниот неутрален и ненуклеарен статус, признавање на суверенитетот на Русија над Крим и независноста на Народните републики Доњецк и Луганск, се вели во соопштението на Кремљ.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет споделил дел од неговите ставови за ова прашање, формирани по неодамнешните контакти со лидерите на голем број земји. Путин и Бенет се договориле да продолжат да одржуваат контакти.