Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски ќе разговара со британскиот премиер Борис Џонсон за две клучни теми: решавање на украинската криза и безбедносните гаранции, изјави рускиот помошник на претседателот за меѓународни прашања Јуриј Ушаков.

– Ова е внатрешно-украинско решение, со оглед на вчерашната посета на Џонсон на Киев. Ќе разговараме и за нашите сеопфатни предлози за долгорочни гаранции за безбедноста на Русија, истакна Ушаков.

Тој додаде дека двајцата лидери ќе опфатат и некои прашања од билатералната соработка, која, како што оцени, сега е на „многу, многу ниско ниво“.

Претходно, кабинетот на британскиот премиер соопшти дека Џонсон очекува телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.