Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган утре ќе се сретнат во Сочи, а освен билатерални прашања, главна тема на разговор ќе биде и договорот за извоз на жито од пристаништата на Црното Море.

Анкара ги интензивираше своите напори во последниве недели да го обнови коридорот за жито за да помогне во олеснувањето на глобалната криза со храна.

„Тука играме водечка улога. Гледаме силна поддршка од целиот свет за реализација на коридорот за жито“, изјави советникот на Ердоган за надворешна политика Акиф Чагатај Килич.