Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил да се сретне со својот украински колега Володимир Зеленски, но пред тоа е неопходно да се подготви нацрт-договор меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков забележа дека се уште нема никакви новости за тоа прашање, пренесе Тасс.

-Веќе кажавме дека рускиот претседател во принцип никогаш не одбил таква средба, но пред да се одржи, мора да се исполнат одредени услови, односно да се дополни текстот на документот, рече Песков.

Претходно денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека средбата меѓу Путин и Зеленски не е далечна, туку дека во моментов се чека на согласноста и ставот на рускиот лидер.