Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Москва по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека и понатаму се надеваат дека преку дипломатски канали ќе постигнат договор со Украина, а преговорите ќе продолжат онлајн и изрази надеж дека тие ќе дадат позитивен резултат.

Како што истакна првиот човек на Русија, постигнат е сериозен напредок на преговорите во Турција, повеќе светски лидери се надеваат на постигнување на договор помеѓу двете завојувани земји.

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини Украинците дека ги одолговлекуваат преговорите негирајќи претходно постигнати согласности за дел од мировниот договор и постојано подметнувајќи провокации.