Рускиот претседател Владимир Путин пред новинарите во Сочи изјави дека е отворен за преговори за завршување на војната во Украина, но, како што вели, Украина не ги сака.
-Веќе разговарав за ова. Никогаш не сме одбиле преговори. Затоа ве молам, ако сака другата страна, нека го каже тоа директно. Значи, јас зборувам, но не слушаме ништо од другата страна, изјави Путин, пренесуваат руските медиуми.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано презентираше мировен план од десет точки за ставање крај на конфликтот, но тој ќе бара од Русија да ги отстрани своите војници од украинска територија.
Во Сочи денеска се состанаа рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко за теми поврзани со регионалните прашања, меѓународната ситуација и решавањето на заедничките проблеми во економијата, вклучително и областа на замена на увозот. Путин најави и дека со белорускиот колега ќе разговара за изградбата на брзиот автопат Москва-Минск.