Владимир Путин му наложи на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовно примирје долж целата линија на фронтот во Украина, што би траело од утре на пладне до полноќ на 7 јануари, објави Кремљ.

„Руските сили мора да го прекинат огнот на 36 часа за да се одбележи православниот Божиќ“, кажа Кремљ.

Објавата на Путин следува откако рускиот патријарк Кирил повика на божиќен прекин на огнот и примирје во Украина.

„Земајќи го предвид повикот на неговата светост патријархот Кирил, му наредив на министерот за одбрана на Руската Федерација да воведе прекин на огнот долж целата линија на контактот на двете страни во Украина. Имајќи предвид дека бројни православни граѓани живеат во областите на непријателствата, ја повикуваме и украинската страна да прогласи примирје“, изјави Путин.