Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да бара „дипломатски решенија“ и покрај зголемените тензии со Западот околу Украина, но нагласи дека за интересите на државата не се преговара.
– Нашата земја е секогаш отворена за директен и искрен дијалог, за барање дипломатски решенија за најсложените проблеми, истакна Путин во видео обраќањето по повод Денот на бранителот на татковината, државен празник во Русија.
Путин сепак, додаде дека „за интересите на Русија, безбедноста на нашите граѓани, не можеме да преговараме“.