Русија ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, кажа претседателот Владимир Путин. Тој вели дека потегот не ги нарушува договорите за неширење на нуклеарното оружје и го спореди со распоредувањето на американско нуклеарно оружје во Европа, според руските медиуми. пренесе СДК.

Москва нема да ја префрли контролата на оружјето на Минск, додаде Путин.

По објавата на рускиот претседател, САД рекоа дека не веруваат дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје.

„Не гледаме причина да ја прилагодиме нашата стратешка нуклеарна позиција“, соопшти американската Министерство за одбрана.

По распаѓањето на Советскиот сојуз, нуклеарното оружје што беше стационирано во новите независни држави, како Белорусија, Украина и Казахстан, беше однесено во Русија.

Белорусија е сојузник на Русија и ја поддржува инвазијата на Украина. Путин синоќа кажа дека белорускиот лидер Александер Лукашенко одамна го покренал прашањето за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

„Нема ништо невообичаено тука. Прво, САД го прават тоа со децении Тие одамна имаат распоредено тактичко нуклеарно оружје на територијата на нивните сојузници“, рече Путин.