Русија е подготвена да преговара со сите кои се вклучени во војната со Украина, но Киев и неговите поддржувачи од Западот одбија да се вклучат во разговори, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари и стана најсмртоносниот конфликт во Европа после Втората светска војна и најголемиот судир меѓу Москва и Западот, после Кубанската ракетна криза во 1962.

Кремљ соопшти дека ќе се борат сѐ до остварување на нивните цели, додека пак Киев вели дека нема да престанат сѐ додека не го избркаат последниот руски војник од нивната територија.

„Ние сме подготовени да преговараме со секој кој е вклучен за прифатливи решенија, но зависи од нив, ние сме не сме тие кои одбиваме да преговараме“, изјави Путин во интервју за државната руска телевизија.

Директорот на ЦИА Вилијам Брнс минатиот месец кажа дека иако повеќето конфликти завршуваат со преговарање, оценката на ЦИА е дека Русија сѐ уште не е сериозна за вистински преговори за да ја заврши војната.

Советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Путин треба да се врати во реалноста и да признае дека Русија е таа која не сака какви било преговори.