„Извршен е терористички напад на мостот на Крим, дете остана без родители“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој зборуваше на седницата на Советот за безбедност на Русија.

Според рускиот лидер, ќе се утврдат сите околности околу нападот на мостот, пренесува „Спутник“.

„Реакцијата на Русија секако ќе следи“, предупреди тој и додаде дека Министерството за одбрана подготвува одговор, пренесува медиумот.

Путин истакна дека добрата вест е што столбовите на мостот на Крим не се оштетени, и дека тоа е најважно.

Дополнително, потребно е да се процени штетата од нападот и што побрзо да се поправи мостот.

Рускиот вицепремиер Марат Хуснулин, кој лично пешачеше по мостот по инцидентот, рече дека се оштетени патните и железничките делови од мостот. Тој додаде дека столбовите на мостот се недопрени. На делницата за автомобили нема сообраќај, на железничката, возовите сообраќаат според возниот ред. Според Хуснулин, една пруга претрпела мала штета, што не влијае на движењето на возовите.