Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија сака крај на војната во Украина и дека сите вооружени конфликти завршуваат дипломатски, со преговори.

„Нашата цел не е да го свртиме тркалото на воениот конфликт, туку, напротив, да ставиме крај на оваа војна. Ќе се стремиме кон крајот на таа војна, и што побрзо, толку подобро, се разбира“, рече Путин.

Русија инсистира на тоа дека е отворена за преговори, на што се сомневаат Украина и нејзиниот сојузник САД, кои веруваат дека Москва само сака да купи време по серијата порази и повлекувања во десетмесечната војна.

Американскиот државен секретар, Антони Блинкен, изјави денеска дека Русија не покажала оти вистински е заинтересирана за окончување на војната во Украина.

Изјавата на Блинкен доаѓа откако претходно рускиот претседател Владимир Путин рече дека сака побрзо завршување на конфликтот“.

„Во основа во моментов Русија не покажала интерес за дипломатија“ за да се стави крај на војната, рече Блинкен на прес-конференција.