Џонсон завчера беше гостин на состанокот на Конфедерацијата на британската индустрија (CBI), каде што одржа говор пред деловните лидери во североисточна Англија кој ги загрижи неговите соработници и јавноста, коментираат британските медиуми.
Накратко остана без зборови кога се изгуби во белешките, за набрзо да раскаже анегдота за неговата неодамнешна посета на тематски парк посветен на Прасето Пепа, лик од британски цртан филм, и неколку пати се навраќаше на него.
– Премиерот е во одлична форма, изјави вицепремиерот Доминик Раб за Би-Би-Си.
На прашањето дали има сериозна загриженост во Даунинг стрит за способноста на Џонсон да работи, Раб рече дека „не се согласува“ со тоа.
– Што се однесува до Прасето Пепа, тоа е фантастичен британски светски извозен производ и мислам дека тоа беше поентата на премиерот, рече тој.