Нема да дозволам здравјето на граѓаните да биде во ризик
Во Општина Аеродром, празничниот ден е посветен на самоорганизирано чистење на отпадот, предводено од Дејан Митески, вд градоначалник и кандидат за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога некој ќе покаже безобразлук и неодговорност – ние враќаме со работа и со здрав разум. Не чекаме на Данела и Комунална хигиена и нема да дозволам здравјето на граѓаните на Аеродром и животната средина да бидат во ризик. Од Лисиче до Мичурин, секој ден сме на терен. Благодарност до сите што ни помагаат: соседни општини, компании и граѓани,“ изјави Митески.
Општината поднела кривична пријава и изрекла казни
Митески потсети дека веќе десет дена не се празнат контејнерите и не се подигнува отпадот од домаќинствата во делови од општината, особено во Лисиче. Поради тоа, како што објасни, граѓаните и општинските служби се самоорганизирале за да ја исчистат Аеродром.
Тој додаде дека поднеле кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје, а комуналните инспектори на општината двапати ја казниле Комунална хигиена со по 80.000 евра.