Министерот ги игнорира барањата на специјализантите

Приватните специјализанти стапија во штрајк, нема да работат сè додека не се исполнат нивните барања за зголемување на паричниот надоместок и решавање на нивниот статус.

Велат дека и покрај одржаниот протест на 27-ми март и средбата со министерот Демири, сè уште не биле исполнети нивните барања. На последните две владини седници не било разговарано ниту за надминување на нивните проблеми.

Нехумани услови

Тие се грижат за здравјето на пациентите, а кога тие ќе се разболат приватно го плаќаат лекувањето, а ако останат на породилно, го губат и паричниот надоместок, немаат ниту платен стаж.

400 специјализанти оставени на милост и немилост

Околу 400 специјализанти нема да дежураат, па реорганизација на работата мора да направат клиниките. Најмногу специјализанти има на Клиниката за кардиологија, педијатрија, хируршките гранки, на гинекологија.

Извор: МРТ