На средбата беа презентирани досегашните предвидени активности и понатамошните чекори на ЛЕСС.
– До крајот на годинава треба да се донесе нова стратегија за локален економски социјален совет која ќе ќе послужи како основа за креирање локални политики во делот на економија, бизнис опкружување и социјала, генерално треба да понуди решенија за подобрување на социо-економскиот живот на кумановци, изјави Ахмет Јашаровски од одделението за локален економски развој од општина Куманово.
ЛЕСС функционира како консултативно и советодавно тело во кое членуваат претставници од Општина Куманово, Организација на работодавци на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија, РСС Куманово, Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Куманово, ЈУ меѓуопштински центар за социјални работи како и здруженија на граѓани.