Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска одржа седница на која се дискутираше за Деловникот, методологијата и начинот на работа. Средбите ќе се интензивираат во наредниот период, соопшти Министерството за правда, пренесува Телма.
Дваесет и тројцата членови не успеале да ги усогласат сите детали за Методологијата и начинот на кој ќе функционираат, па задутре продолжуваат на истата тема,
Предлагач на уставните измени е Владата која го задолжи Министерството за правда да формира работната група. Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.
Во Работната група членуваат 10 експерти по уставно право и поранешни судии во Уставниот суд, 10 партиски претставници и по еден од кабинетите на претседателот, МНР и Секретаријатот за европски прашања. ВМРО ДПМНЕ нема свој претставник и цврсто стои на ставот дека во овој парламентарен состав – нема да има уставни измени.
Работната група ќе продолжи со работа во четврток.