Конфедерацијата на слободни синдикати организираше свои прoтест низ улиците на Скопје. Синдикалците кои во најголем дел ги застапуваат вработените во јавниот сектор и администрацијата ја обвинија владата дека не се почитуваат колективните договори и законите кои требаше да бидат во корист на вработените. Мотото на овие синдикалци годинава е: „За правда, за еднаквост.“ Побараа од властите да им биде овозможен пристоен живот, пренесе Алсат.
„Протестираме за пристојна плата, протестираме за социјална правда, за почитување на колективните договори. Пет години не ги почитуваат законите и колективните договори. Но, во првиот момент кога дојдоа во прашање нивните плати тогаш законот важи“, рече Благоја Ралповски претседател на КСС.
Синдикалците и порачаа на владата дека бараат почитување на законите, барање подобар животен стандард, потоа почитување на работникот и неговиот труд и бараат зголемување на платите согласно законот за минимална плата, К-15 согласно стандардите.
„Не се согласуваме „ќебапче за работникот, бифтек за власта“, тоа ниту е правда, ниту е правичност, ниту еднаквост, се ќе сториме да ја доведеме правдата во Македонија, правдата во однос на социјалниот дијалог, партнерство и почитување на работничките права“, рече Јаким Неделков, СОНК.