Работник, кој работел на трговски центар во Скопје се повредил на работнотo место.

На 22.03.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Л.А. од Кочани“, информираат од МВР.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во трговски центар на подрачје на Центар во Скопје.