Пронајдена дрога, лажен сертификат, лица без сертификати, четири објекти запечатени.

Ова е исходот од големата акциска контрола што полицијата во координација со инспекторатите ја направиле ноќеска во 4 ноќни клубови и кабареа во Битола.

Во два ноќни клуба е пронајдена дрога, прашкаста материја и марихуана, едно лице употребило лажен ковид сертификат, еден од сопствениците упатувал закани кон службениците, 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат ковид сертификат и тие се запечатени од страна на државниот пазарен инспекторат. исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фискална сметка, а 27 лица работеле без договор за вработување. За сите констатирани незаконитости ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од МВР и најавија слични акции и во следниот период.