Се надевам дека владата сè уште работи на целосна анализа на причините зошто дојдовме до неможностa да кажеме „да“ на Македонија. Предлагам бугарскиот парламент да иницира дијалог со македонскиот парламент за да можеме да ги бараме најдобрите решенија и да можеме да ја отвориме вратата што е можно поскоро, изјави бугарскиот претседател Румен Радев по учеството во Европскиот совет, објави БГНЕС.

Претседателот додал дека ќе свика Советодавниот совет за национална безбедност за да разговара за односот на Бугарија кон Република Македонија и да бара консензус со сите политички партии во бугарскиот парламент.

Радев истакнал дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер Кирил Петков.

-Бугарија ќе ја отвори вратата за С. Македонија само со гаранции и заштита на нашиот национален интерес. Ако успееме да донесеме таква одлука, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес е целосно во рацете на земјата кандидат, вели Радев.