Радев истакнал дека Софија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Македонија.
Шефот на бугарската држава смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Македонија.
Како главен акцент во тој дијалог, претседателот на Бугарија го посочил почитувањето на правата на Бугарите во Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство во Македонија.