Според Галуп, Радев ја доби поддршката од 65,7 отсто од гласачите.
За неговиот противкандидат – проф. Анастас Герџиков гласале 31,5 отсто од гласачите.
Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 2,8 отсто од излезените на гласање. Излезноста во 19 часот била 29,1 отсто.
Според податоците од излезната анкета на Тренд, за Радев гласале 64,5 отсто од гласачите, а за Герџиков 33,6 отсто.
Копчето „Не поддржувам никого“ го притиснале 1,9 отсто од гласачите.